Дуетите нудат заедничка основа за совршен разговор. Во случајот на Добрила и Доријан, таа заедничка основа е навистина широка. Сите ги познаваме преку Чалгија Саунд Систем како чувари на традицијата. Но, нивниот дует направи и нешто повеќе. Според нивните зборови, нивниот прв албум „Апокриф“ изврши „тивка офанзива“ преку спојување на глас, уд, лупови и импровизација. Нивното деби претставува фузија помеѓу познатото и непознатото, прифатеното и необичното, тишината и звуците од околината, како и желбата за откривање и препознавање. Можеби токму затоа и регионалните и меѓународните музички критичари го прогласија албумот за ремек-дело во жанрот на глобалната музика. Повеќето состави не успеваат да импресионираат со вториот обид, но со притисокот дојде и издигнување над сигурната формула, па така се испили “Пиле Шарено”. Овојпат со електронски модификатори применети не само на удот, туку и на гласот. И покрај шарениот наслов, следниот албум беше поглед навнатре, привлекувајќи уште повеќе пофалби од критичарите. Признанијата доведоа до бројни настапи низ Европа, дополнително зацврстувајќи ја интимната врска на дуото и за возврат барајќи уште музика. Наведува да се запрашаме што се крие позади третата врата. Можеби нешто лирско, бавно, со добра приказна. Овој концерт на ОФФест е ексклузивна промоција на новиот, трет албум на Добрила и Дорјан.