6 - 9 June 2024 En

BOMBINO

6 Јуни • Национална опера и балет, 20:00

  • гитара и вокал
  • бас
  • гитара и вокал
  • тапани
Омара „Бомбино“ Моктар е феномен. Гитаристот со потекло од Нигер е човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на експлозијата на високозаразниот пустински блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors - Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel“ (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad“ (2013). Албумот „Deran“, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што Бомбино стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, тој го промовира својот седми албум „Sahel“, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records (PJ Harvey, Black Angels, Idles итн.). Без оглед на предизвиците што му ги наметнува животот, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и прекрасната туарешка култура низ целиот свет.