Документарен филм за бразилската музика снимен во 1969 година во Рио де Жанеиро, кој прерасна во култно остварување, со многу ретки сцени: единствените снимки во боја со легендарниот Пишингиња, со Жоао де Баијана, еден од татковците на самбата, тогаш младата Марија Бетања во клубот Бароко, Баден Пауел и неговата акустична гитара, Паулињо де Виола како го презентира своето штотуку завршено ремек-дело "Coisas do Mundo, Minha Nega" и пејачот од Сао Паоло, Марсија. Во 1969 во Бразил веќе пет години траеше воената диктатура, а музичарите, артистите и студентите протестираа против суровиот режим – со песни и масовни демонстрации. Филмот не ја документира само работата на релевантните бразилски музичари, туку го регистрира турбулентниот политички и општествен период со диктатурата. Режимот тогаш го доживуваше климаксот, апсењата и исчезнувањата на музичарите, писателите, уметниците и воопшто интелектуалната елита предизвикуваше истите својата глава да ја спасуваат со бегства од земјата. “Saravah“ го овозможи талентираниот и храбар француски режисер Пјер Бару, кој во 1969 дојде во Рио за да го види својот пријател, Баден Пауел. И самиот композитор, артист и голем познавач на бразилската музика. Во 2024 филмот беше ремастериран и технички дотеран, кога конечно ја доживеа својата европска премиера.