6 - 9 June 2024 En

NAKED

9 Јуни • МКЦ Дансинг сала, 22:30

  • тапани
  • алт и баритон саксофон
  • кларинет и тенор саксофон
  • виолина
  • бас
  • сопран и алт саксофон
Името NAKED е синоним за отворено срце и чиста душа. Идеите за слобода, надеж и љубов отсекогаш го инспирирале творештвото на овој српски бенд, еден од највиталните експоненти на денешната балканска world-music сцена. Naked се формирани 2006 година во Белград. Бендот веднаш го привлече вниманието на домашната публика, отскокнувајќи од другите појави на српската музичка сцена, благодарение на повеќеслојниот и енергичен музички израз, приемчивите, но во исто време интригантни авторски композиции, како и на компактното, добро координирано свирење. Покрај ова, членовите на групата имаат и убедлива сценска појава и имиџ, што наједноставно би можеле да се опишат како „многу кул“. Музицирајќи заедно речиси две децении, тие имаат издадено пет албуми, концерти настапи ширум светот, од Чиле до Јужна Кореја и на познати фестивали како Colors of Ostrava, EXIT, Red See Jazz Festival, ACC Festival и др. Стилот на бендот е комплексен, непосреден, еклектичен. Елементи од балканските традиции, со медитерански, африкански и источноевропски примеси, во синергија со контурите на џез, фанк, рок, слободната музика и импровизацијата - сето тоа заедно го чини препознатливиот Naked звук. Овој звук содржи повеќе емотивни слоеви - бунт, меланхолија, радост… All About Jazz ја нарече нивната музика акт на љубов, опишувајќи го бендот како хипнотизирачка формација и колектив чија музичка обединетост континуирано сугерира дека тука не станува збор за неколку музичари, туку за еден.