5 - 8 June 2025 En

MORDÁI

8 Јуни • МКЦ Дансинг сала, 21:00

  • вокал
  • електрична гитара
  • бас
  • саксофон
  • тапани
Mordái е фолк-рок бенд кој во најголема мера е инспириран од репертоарот на унгарските експериментални фолк музичари од 60-те и 70-те, чиј специфичен звук го отсликува мрачниот дух на друмските одметници. Многу брзо по првиот сингл Mordái се наметнаа како важен дел сцената во Будимпешта и се претставија на некои од најважните унгарски фестивали и клубови. Првите снимки од 2020-та им донесоа повеќе признанија и следуваше молскавична кариера. Албумот „A Dream Fell On My Еyes“, издаден во 2022, им донесе блескави критики и восхит кај публиката. Групата има настапувано на најпрестижните европски фестивали, како Primavera во Барселона, Eurosonic во Холандија, INmusic, Volt, Waves, Budapest Ritmo, Music Moscow и други. Влијанијата од фолк музиката на звукот на Mordái му даваат автентичност и длабочина, текстовите полна ангажираност, а рокот и гитарите - голема движечка сила. Mordái годинава се најдоа на програмата на South by Southwest во Остин, Тексас, што е досега најголемото признание за бендот.