5 - 8 June 2025 En

LUFTHANSA

8 Јуни • МКЦ Дансинг сала, 22:00

  • гитара и вокал
  • гитара и вокал
  • гитара и вокал
  • бас
  • тапани
  • гитара, клавијатури и вокал
Луфтанза се формираа во 2020 година и со 4 албуми, 5 години подоцна, прераснаа во кормиларите на свежиот бран во македонската алтернативна музика. Вредни, енергични и исклучително скромни, овие талентирани музичари ја претставуваат генерацијата на која ѝ е јасно дека формулата е многу едноставна - со искрена љубов и многу труд, резултатите пристигаат сами. Потврда за тоа се нивните настапи во Унгарија, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Хрватска, Србија... Луфтанза имаат неверојатен спектар на вкусови, интереси и музичко познавање. Продукцискиот квалитет на нивниот материјал се носи со изданијата на релевантни светски инди имиња, но тоа не би значело ништо доколку во нивните песни не вибрира енергијата што ја поседуваат. На последното издание „Далеку од вистинското нешто“ (2024) можете да препознаете влијанија и од Black Sabbath, па и од Darkwood Dub и сè помеѓу. И ако воопшто можат да се стават во рамка тоа би одело отприлика вака: експериментален и психоделичен рок, пост- панк и no-wave. А вистинската слика е онаа на концертните настапи.