6 - 9 June 2024 En

KUTU

7 Јуни • Национална опера и балет, 22:00

  • виолина
  • тапани
  • бас
  • клавијатури
  • вокал
  • тон мајстор
KUTU се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди, повеќеслоен импровизатор и славна фигура на класичната музика и џезот во својата земја, го откри симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд, добро позната на локалната вибрантна андерграунд музичка сцена по нејзиниот акробатски вокал и елегантни движења, како дел од 10-члениот рок бенд Јано. Заедно, тие се впуштија во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Тоа е патување низ возбудливите ноќи на подземната Адис Абеба во 2020 година, каде што хиперактивната младина ја користи музиката на претците за подобро да се ослободи од нив. Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро- вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови. Блескав етиопски транс состав, во кој слободата на џезот проникнува во суровата длабочина на Азмари звукот. KUTU пленат и раздвижуваат со екплозија од волшебни ритми и енергија, наметнувајќи возбудлив танц, своевидна ведра духовност. Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук.