6 - 9 June 2024 En

KALATA

9 Јуни • МКЦ Дансинг сала, 21:15

  • вокал
  • придружен вокал
  • саксофон
  • гитара
  • бас гитара
  • тапани
Калата е неофолк бенд формиран во 2018 година во Скопје, кој започнува како проект на Симеон Ангеловски и Минела Богдановиќ. Препознатлив по својот автентичен звук, овој состав во својата музика исцртува паралела меѓу источната и западната култура, со посебен акцент на традиционалната македонска музика. Музичарите, без ограничувања, се потпираат врз своите чувства и инспирација, слободни да го свират она што нивната имагинација ќе го побара. Целиот концепт на бендот се заснова врз сензибилитетот и креативноста на младите музичари, кои преку љубовта кон модерните ритмови и музиката на својот народ го обликуваат оригиналниот звук на Калата. Од 2018 година наваму, Калата има настапувано низ целата земја, вклучително и на Д Фестивал, Музичката конференција ПИН, Здраво Млади, Македокс, како и на некои европски фестивали: Mercat de Música Viva de Vic / MMVV (Барселона, Шпанија) и Balkan Most Festival: Showcase Conference 2023 (Веспрем, Унгарија). Нивниот деби албум „Калата“ е подготвен и ќе биде објавен наскоро, во текот на оваа година, а концертно ќе биде претставен на 23. OFFest. Калата е, во исто време, дел од MOST Music Programme - балканска музичка експорт иницијатива што поддржува „world music“ уметници и бендови од Балканот. Групата денес брои 6 членови: Минела Богдановиќ (вокал), Марија Илиевска (придружен вокал), Кирил Кузманов (саксофон), Александар Бошков (гитара), Симеон Ангеловски (бас гитара) и Дамјан Грујо (тапани).