Овој филм исцртува моќен портрет на легендарната пејачка Сезарија Евора, жена родена во колониjалното Кабо Верде, која успеа да се искачи во височините на музичкиот свет, во континуирана потрага по слободата пред сè. Иако нејзиниот свет се менувал околу неа, како што го минувала патот од мизерија и сиромаштија до неверојатен светски успех, потребата за слобода останува. Овој документарен филм ги следи различните политички и социјални контексти на животот на Евора, но и универзалните теми како слободата и расната и родовата нееднаквост, илустрирани со бројни досега невидени архивски и оригинални снимки, и уникатни сведочења од луѓето што ја познаваа легендата. Режисерката Ана Софија Фонсека во овој филм користи повеќе техники за постепено откривање на духот на славната пејачка, моќната жена и инспиративната африканска икона. Филмот вклучува и актуелни снимки од Кабо Верде, омилениот дом на босоногата дива, доловувајќи ја поезијата на морето, земјата и воздухот што ја обликувале оваа фасцинантна жена и уметница.