6 - 9 June 2024 En

BOI AKIH

7 Јуни • Национална опера и балет, 20:00

  • акустичнa и електричнa гитарa
  • вокал, бас калимба и електроника
  • преносна оргула
  • кора
  • перкусии
  • флејти
Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на Boi Akih. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија. Така, тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот - од модерен џез до класична Индиска музика, од Меланезиска, Африканска и Европска фолк до импровизирана музика. За музичарите, сите овие различни традиции и влијанија не се крајна дестинација, туку инспирација и почетна точка за музички развој. Тие можат да се забележат во бојата и текстурата на нивната музика, во сложените композиции и слободната импровизација, во употребата на вокалот и техниките на свирење, во смелите формации, а исто така и во необичната збирка на инструменти што ги користат - често изработени од нив самите и соодветно прилагодени на нивните индивидуални музички идеи. Уникатниот звук на Boi Akih произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Boi Akih, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот.