За Туарезите, пустината е слобода. Музиката е моќ. Туарешките номади живееле во пустината Сахара со векови, поврзувајќи ги Северна и Западна Африка со своите карвани од камили. Омара “Бомбино” Моктар, исклучителен туарешки гитарист Од Агадез, Нигер, ја користи музиката за да ја инспирира новата генерација да се адаптира на модерниот свет. Токму овој филм (создаден во исто време со неговиот прв албум “Agadez”), го лансираше Бомбино како светска музичка ѕвезда. Започнува за време на неговиот егзил во Буркина Фасо, кратко по бунтовништвото во Нигер (2007), и го следи неговото враќање во Агадез каде тој го слави крајот на отпорот со неговиот легендарен концерт во Агадез. Оттогаш, Бомбино интензивно настапува низ целиот свет, раскажувајќи ја приказната за неговата култура и за фасцинантниот регион од каде што доаѓа. Филмот го следи и до Нешвил во 2012 година, каде што неговиот втор албум, “Nomad” беше продуциран од Ден Ауербек од The Black Keys, кој го забрза неговото устоличување во светска музичка сензација.