SONDORGO

6 June • MKC Dancing Hall, 20:00

ARON EREDICS first tambura, cello tambura, derbuka, saz
BENJAMIN EREDICS kontra tambura, trumpet
DAVID EREDICS alt tambura, clarinet, alt saxophone, soprano saxophone, kaval
SALAMON EREDICS alt tambura, accordion, hulusi, shepards flute, cello tambura
ATTILA BUZAS tambura bass, tapan, koboz

Sondorgo е еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија. Формиран од браќата Ередиќ кон средината на 90-тите години во Сентендре (мал унгарски град близу Будимпешта со долгогодишна српска традиција), овој возбудлив состав е посветен на изведувањето и промовирањето на јужнословенската фолк музика собрана од Бела Барток и Тихомир Вујичиќ, популарна кај заедниците што живеат долж реката Дунав. Нивната мисија е да ги оживеат скриените скапоцени камења на различните балкански звуци. Но, за разлика од повеќето групи што свират балканска музика, Sondorgo не изведуваат музика за дувачки оркестар, туку тамбурашка музика со извонредна техничка виртуозност и свежа интерпретација. Постојано присутни на унгарските и европските фестивали, Sondorgo континуирано настапуваат и со познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов - плод на оваа соработка е нивниот заеднички албум „Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert“ (2009). Она што Sondorgo совршено го комбинираат е почитта кон традициите, желбата за иновација и блескавата незапирлива виртуозност.

Sondorgo is one of the leading exponents of tamburitza music from Hungary. Founded by the Eredics brothers in the mid-90s in Szentendre (a small Hungarian town near Budapest, with long-established Serbian tradition), this exciting ensemble is committed to performing and promoting the southern slavic folk music collected by Béla Bartók and Tihamér Vujicsics and celebrated by communities along the Danube River. They are capable of bringing to life the hidden gems of different Balkan sounds. In contrast to most groups playing Balkan music, Sondorgo is not playing brass band music, but rather it is a tamburitza band with a technical virtuosity and a fresh interpretation. Nowadays Sondorgo is a constant performer of festivals in Hungary and Europe and they repeatedly have worked together with the famous Macedonian saxophonist Ferus Mustafov - fruit of this collaboration is their joint 2009 album entitled “Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert”. What Sondorgo combine brilliantly is a respect for the traditions, a desire to innovate and a fizzing unstoppable virtuosity.

www.sondorgo.hu