ROMPERAYO

7 June • MKC Dancing Hall, 22:00

PEDRO OJEDA drums, percussion
JUAN MANUEL TORO sampler, keys
JHON SOCHA bass
GUILLO CROS electric guitar

Romperayo звучат како брзодвижечко музичко патување низ колумбискиот тропски фолклор, палава и модерна интерпретација на психоделичните звуци на популарната кумбија и другите тропски ритми од 70-тите. Очекувајте фасцинантен музички огномет на електро-психоделична кумбија, кој не само што ги движи колковите и нозете, туку и го става вашиот ум во блажена состојба. Групата е дел од новата колумбиска музичка сцена, заедно со Meridian Brothers, Frente Cumbiero, Los Pirañas и други, коишто ги реинтерпертираат своите музички корени на еден фасцинантен начин, комбинирајќи ги традиционалните ритми и модерната електроника. Современа тропска музика со електронски ритуали, микс од двата брега на Колумбија, контаминирани со психоделија, семплери, сајзери и многу перкусии. Предводени од „капетанот“ на новата генерација колумбиски перкусионисти, тапанарот Педро Охеда (кој свири и во Los Pirañas, Palanca, CieloMama, Frente Cumbiero, Ondatrópica и Mucho Indio), Romperayo се активни од 2011 година. Имаат објавено, три албума, вклучувајќи го и новиот, одличниот „Que Jue?“ (2019). Во последните неколку години бендот бележи интензивни турнеи низ Европа, настапувајќи на значајни музички фестивали како португалскиот Sines и данскиот Roskilde.

Romperayo sounds like a fast moving musical journey through Colombian tropical folklore, a mischievous and modern interpretation of the psychedelic sounds of 70s cumbia and other tropical rhythms. Expect fascinating electronic-psychedelic cumbia musical fireworks that don’t only move your hips and feet, but also direct your brain into a blissful mood. The group is part of the new Colombian music scene, like Meridian Brothers, Frente Cumbiero, Los Pirañas, among others, that re-interprets their roots in a fascinating way, combining both traditional rhythms and modern electronics. Contemporary tropical music with electronic rituals, “descargas” (jams) of both coasts of Colombia poisoned with psychedelia, samplers, synths and a lot of percussion. Led by the “capitán” of the new generation of Colombian percussionists: drummer Pedro Ojeda (who also plays in Los Pirañas, Palanca, CieloMama, Frente Cumbiero, Ondatrópica and Mucho Indio), Romperayo are active from 2011, having released three albums, including the new, much praised “Que Jue?” (2019). During the last few years, the band has been touring extensively in Europe, performing at important music festivals like Sines and Roskilde.

www.romperayo.com