CATRIN FINCH & SECKOU KEITA

3 June • Macedonian Opera and Ballet, 20:00

CATRIN FINCH harp, vocals
SECKOU KEITA kora, vocals

Извонредниот, од критиката фален и неколку пати наградуван тандем составен од двa авантуристички музички виртуозa - велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора мајстор Секу Кеита - гарантира врвно музичко доживување од светски ранг. Црпејќи инспирација од сопствените различни традиции, трансформирани со импресивна синергија, Катрин и Секу стекнаа висок углед со своите брилијантни настапи. Откако постигнаа огромен успех со деби албумот „Clychau Dibon“ (2013), нивниот долгоочекуван втор албум „Soar“ се појави во 2018 година, по што следеа неколку големи турнеи. Албумот патува на крилјата на оспри (орел рибар), прекрасна птица грабливка што неодамна се врати во Велс по неколкувековно отсуство, прелетувајќи 3000 милји во текот на една година од западноафриканскиот брег до речните устија на Велс, извишувајќи се, како музиката и сништата, над сите граници што ги поставил човекот. Волшебна, фасцинантна, комплексна и рафинирана, ова е исклучителна музика и возбудливо искуство во живо. Апсолутно хипнотичен и уникатен брак на култури. Покрај индивидуалната висока репутација (Финч ја нарекуваат „кралица на харфата“ a Кеита „најзафатениот кора инструменталист во светот“), тие денес се сметаат за еден од најбараните world-music проекти на деценијата.

This sublime, critically acclaimed and multi award-winning collaboration between two adventurous virtuoso musicians - Welsh harpist Catrin Finch and Senegalese kora player Seckou Keita - delivers a stunning exhibition of world class musicianship. Drawing deep on their own diverse traditions and transforming them with remarkable synergy, Catrin and Seckou have built a formidable reputation for their extraordinary performances. Following the huge success of their debut release “Clychau Dibon” back in 2013, their long-awaited second album “Soar” launched in 2018, followed by major tours. The album takes flight on the wings of osprey, the magnificent bird of prey recently returned to Wales after centuries of absence, which makes its annual 3000-mile migration from the coasts of West Africa to the estuaries of Wales, soaring like music and dreams over man-made borders. Entrancing, mesmerizing, intricate and ethereal, this is remarkable music and a thrilling live experience. Absolutely hypnotic and unique marriage of cultures. Along with the highest individual reputations (Finch is known as the “Queen of Harps” and Keita as the “world’s busiest kora player”), they are now one of the most popular world music acts of the decade.

www.catrinfinchandseckoukeita.com