BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA

4 June • MKC Dancing Hall, 21:00

BASSEKOU KOUYATÉ lead ngoni
AMY SACKO lead vocal
MAMADOU KOUYATÉ ngoni bass
MAHAMADOU TOUNKARA yabara, tama
MOCTAR KOUYATÉ calebasse

Басеку Кујате е вистински мајстор и амбасадор на инструментот нгони, древна, традиционална лејта од Западна Африка. Во рацете на Басеку, овој навидум ограничен инструмент напредна толку многу што успеа да постигне поширок мелодиски опсег и прилагодливост, опфаќајќи ги западните стилови како џез, блуз и рокенрол, што го зацврсти неговиот статус на основач на електричниот нгони, виртуоз и визионер. Поместувајќи ги границите на возможното кога е овој инструмент во прашање, Басеку отиде дури и подалеку во својата револуционерност, формирајќи го првиот нгони бенд, Ngoni ba, составен исклучиво од нгони инструменти со различна големина и тонален опсег. Денес, Bassekou Kouyate & Ngoni ba, во чиј состав членуваат неговата сопруга Ејми Сако (популарна африканска пејачка, често нарекувана „Тина Тарнер од Мали“) и синовите Маду и Мустафа Кујате, одржуваат редовни светски турнеи, со стотина концерти годишно, настапувајќи на реномирани фестивали како Fuji Rock во Јапонија, Roskilde во Данска, Northsea Jazz Festival во Холандија, па сè до Glastonbury и Latitude во Велика Британија. Откако се прослави со своите последни два албума кои се движеа повеќе во насока на рок музиката, Басеку Кујате се враќа со посуптилен и носталгичен албум. „Miri“ (сон, контемплација) е албум за љубовта, пријателството, семејството и вистинските вредности во кризни времиња.

Bassekou Kouyate is one of the true masters and the ambassador of the ngoni, an ancient traditional lute found throughout West Africa. In Bassekou’s hands this seemingly limited instrument has grown to accommodate a wider melodic range and versatility embracing western styles such as jazz, blues and rock and roll, confirming his status as the originator of the electric ngoni, a virtuoso and a visionary. Pushing the boundaries of what was previously thought possible with this instrument, Bassekou went even further in his rebellion when he eventually formed the first full ngoni band, the Ngoni ba, consisting of ngonis of various sizes and tonal range. Comprised of his wife Amy Sacko (a popular Malian singer often hailed as “the Tina Turner of Mali’) and sons Madou and Mustafa Kouyate, Bassekou Kouyate & Ngoni ba now tour the world playing hundreds of performances a year ranging from Fuji Rock in Japan, Roskilde in Denmark, Northsea Jazz Festival in Netherlands to Glastonbury and Latitude festivals in UK. After his last two celebrated albums that went more in a rock direction, Bassekou Kouyate returns with the more subtle and rootsy album: “Miri” (dream or contemplation in Bamana). “Miri” is an album about love, friendship, family and true values in times of crisis.

www.bassekou.com